15 истражувачи на 8. Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“

Во тек е 8. Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“ кој годинава се одржува во онлајн формат. Учествуваат 15 филозофи/истражувачи од седум земји: Романија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, САД, Грција и од Македонија.

Филозофскиот дијалог е востановен во 2015 година кога по поттик на британскиот филозоф Стивен Прист, беше организиран првиот тридневен симпозиум на тема: „Наука и религија“. Во наредните години теми на дијалогот беа: „Правото меѓу политиката и етиката“ (2016), „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“ (2017), „Биоетиката на крстопат“ (2018), „Кризата на идејата за Европа“ (2019), „Филозофија на меморијата“ (2021), „Наследството на античката филозофија како мост меѓу Исток и Запад“ (2022), и на него досега учествуваа повеќе од 100 учесници од над 20 земји.

Меѓународната филозофска дијалошка платформа ја организираат Центарот за стратегиски истражувања при Македонската наука на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет – Свети Николе, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија. Денешната сесија може да ја проследите на линкот, (Лозинка: 943208). Повеќе детали за програмата и апстрактите на учесниците можете да најдете на следниот линк.

Сподели