15 години музиката од светот во Битола! „Лајбах“ приреди совршен крај

Полна сала во Центарот за култура за концертот на легендарните „Лајбах“. Битола сведочеше светски настан на групата која е неверојатна музичка појава од 80-тите години. Со концертот заврши 15. издание на Фестивалот на музика од светот се одржа од 23 до 25 ноември.

Маја Андоновска-Илијевски, директорката на Центарот за култура – Битола го истакна значењето на фестивалот, истакнувајќи ја извонредната листа на уметници кои со години ја красат фестивалската сцена. Но, доаѓањето на „Лајбах“, привлече публика од други земји за прв пат, што ја отвора меѓународна привлечност на фестивалот за друга публика.

Разновидната програма на фестивалот, курирана од селекторот Владимир Димовски, го прослави богатиот мозаик на човечкиот израз преку музика. Уметници од различни земји се собраа во Битола, секој споделувајќи ги своите уникатни музички наративи. Овогодинешната соработка со Europe House Bitola и платформата „Олабај“, го истакна проширувањето на досегот и посветеноста на фестивалот за негување на меѓународни и локални таленти.

Па така ОФФ програмата, се фокусираше на темата поддршка на локалните уметници, истакнувајќи ги локалните изведувачи како витален глас и јадро на културниот бран. Промоцијата на првиот соло-албум на Горан Таневски „Ascend“, беше значаен додаток на фестивалот и доказ за овој фокус. Имено, историската поврзаност на Горан Таневски, поранешниот фронтмен на Мизар со Лајбах, кој ги донесе во Македонија пред повеќе од 30 години, додаде слој од историско значење на настанот.

Фестивалот започна со промоцијата на Таневски и изложба на колекцијата винили на новинарот Петар Ставрев, а со концертот на “Tales from the box” на музичари од Македонија и Грција, свечено отворање направи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Во сите фестивалски вечери по официјалната програма, имаше забава низ битолските кафулиња и клубови од ОФФ програмата, со познати домашни и странски ДЏ.

Врвот на фестивалот беше високоочекуваниот концерт на Лајбах, како дел од нивната европска турнеја турнеја. Овој перформанс не само што го прикажа нивниот уникатен спој на музика и уметност, туку и навлезе во длабоки теми со кои во моментот е преокупирана оваа музичка формација.

„Love is still alive“ турнејата на Лајбах е спој на уметност и длабоко тематско истражување. Маја Андоновска Илиевски, е горда што Центарот за култура и Фестивалот на музика од светот е домаќин на бенд од калибарот на Лајбах, истакнувајќи дека Битола на нивната турнеја се приклучи во редот на други 20 престижни градови како Лондон, Амстердам и Варшава.

Прес-конференцијата што претходеше на концертот отвори дискусии за критичните глобални прашања. Неодамнешното видео на „WAR“ кое се совпадна со конфликтите на Блискиот Исток, ја нагласи нивната репутација дека со пророчка прецизност допираат до пулсот на човештвото. Размислувањата на бендот за војната, мирот и политичките теми на фестивалот, како поттик за еден внимателен културен дискурс.

Членовите на Лајбах, зборуваа и за проектот „ALAMUT“, кој е поврзан со нивна намера да настапат во Иран. Тој проект веќе е изведен во соработка со Словенечката филхармонија, предводена од еден ирански диригент.

Лајбах, во овој момент со музиката допира до сферите на визуелната конзистентност, филозофијата на животот и егзистенцијалните прашања на нашето време. Нивниот последен албум, навлегува во темите на љубовта и убавината како контрапункт на светот што оди на работ на една апокалиптичната визија, инспирирана од „The Future“ на Леонард Коен.

Фестивалот на музика од светот во Битола, на ова 15. издание уште еднаш го докажа своето значење како клучна платформа за славење и разбирање на светот преку универзалниот јазик на музиката.

Сподели