Книгата „1000 зошто, 1000 затоа“, објавена во време на Југославија, имаше куси и разбирливи објаснувања на секакви интересни прашања. Ви претставуваме интегрални делови од книгата, издание на „Вук Караџиќ“ од Белград од 1986 година
Снежинките спаѓаат во најубавите мајстории на природата. На мнозина од нас би ни требало многу време да смислиме толку убава форма, каква што има секоја снежинка. А во секоја виулица на земјата паѓаат безброј снежинки – од кои ни две не се исти.
Кога ќе замрзне водата, таа формира кристали. Тоа значи дека молекулите се распоредуваат на посебен начин или добиваат определена геометриска форма, а ние тоа ги викаме кристал.
Молекулот на водата се состои од три единици – два атома водород и еден атом кислород. Затоа, кога овој молекул ќе се кристализира тој мора да формира или тространа или шестострана фигура. Водата што замрзнува и се претвора во мраз, во атмосферата се наоѓа во вид на водена пареа. Кога ќе замрзне, нејзините кристали се толку мали, што не се гледаат. Но, кога ќе се формира снег, тие кристали низ атмосферата ги носат воздушните струи.

Бидејќи се движат горе-долу, кристалите почнуваат да се собираат околу нешто. Тоа може да биде некоја честичка прашина или малечка капка вода. Групата крустали станува сè поголема, така што набргу околу едно јадро се собираат стотина кристали.
Кога една таква група кристали ќе стане доволно голема, таа почнува да се спушта на земјата, ние ја викаме снежинка. Некои снежинки во пречник имаат и по 3 сантиметри. Големината на снежинката зависи од температурата. Колку е постудено, снежинките се помали.
Наслoвна фотографија: Pixabay





