10 нови актери во ансамблот на Драмски театар – Скопје

Драмскиот театар од Скопје го збогати својот ансамбл со 10-мина нови актери. Голем интерес покажаа помладите актери што се пријавија на аудицијата за избор на актери од четврта група.

Жири-комисијата ги избра следните актери: Лазар Христов, Владимир Петровиќ, Нина Елсезер, Маријан Наумов, Јована Спасиќ, Ања Митиќ, Ивана Павлаковиќ, Дениз Абдула, Томислав Давидовски и Сара Климоска.

Со ова освежување на кадарот, Драмски театар ќе има вкупно 44 актери во својот ансамбл.

Сподели