Фестивалот СВП воведе измени во наградата „Браќа Миладиновци“

Поетскиот фестивал Струшки вечери на пезијата го распиша конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2021 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП. Од оваа година се воведени неколку измени.

– За да се овозможи претставување на добитникот на наградата на тековното издание на фестивалот, а не само негово прогласување пред крај на фестивалското издание, роковите за заедничкиот потесен избор од 5 кандидати од страна на жирито се помесетени за 25 јули, а рокот за одлуката за добитникот е 1 август. Со ова, ќе биде возможно да се обезбеди превод на англиски на најрепрезентативните песни од наградената збирка и соодветно претставување на тековниот добитник, особено пред гостите од странство.

– Претставувањето на минатогодишниот добитник на наградата останува во вообичаениот формат, преку издавање на публикација во целосен препев на англиски на наградената збирка од минатата година и негово претставување во рамки на програмата на фестивалот.

– Преостанатите четворица кандидати во потесен избор исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот.

– Во согласност со Законот за издавачка дејност, под публикација се подразбираат книги во книжен и во електронски облик што значи дека на конкурсот можат да учествуваат и публикации во електронски облик кои се регистрирани изданија со ISBN број.

– Препорака: доколку се работи за печатени публикации, покрај доставените 6 примероци од книгите, авторите или издавачите препорачливо е да ги достават и во електронска форма (во .pdf формат) на следната адреса: [email protected]. Недоставувањето на книгите во електронски pdf формат не ги исклучува авторите или издавачите од учеството на конкурсот.

Повеќе информации на овој ЛИНК.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.
Сподели