Фаворитот на македонското жири, „The Crossing“ – најдобар европски филм за млада публика

Фаворитот на македонското филмско жири „The crossing“ на режисерката Јохане Хелгеланд од Норвешка е избран за најдобар филм за млада публика на настанот EFA Young Audience Award 2021. Агенцијата за филм е национален партнер на овој настан седум години.
-На овој начин имаме можност да учествуваме и да го дадеме својот глас за најдобрите европски филмови за млада публика, а со тоа придонесуваме кон филмската едукација кај младите, кои имаат можност да се запознаат од прва рака со квалитетна, европска, кинематографија“ – изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Жири од 60-ина основци на возраст од 12 до 14 години од Македонија гласаа за најдобриот европски филм. Основците имаа за задача да ги гледаат трите номинирани филмови во оваа категорија онлајн, да гласаат за својот фаворит, а во рамките на работната програма имаа можност и директно да се запознаат со режисерите и актерите, но и да разговараат и споделат искуства и импресии со своите врсници, членови на жири комисијата ширум Европа.
Учество земаа уште 37 земји со вкупно 3600 члена на младото жири.

 

Сподели