Учениците од државниот центар „Партенија Зографски“ од Скопје создадоа стикери на апликацијата „Вибер“ кои се комбинација од македонски знаковен јазик и текст, со цел да се поедностави мрежната комуникација меѓу младите со оштетен слух и говор, но и да се им доближи знаковниот јазик на сите други корисници.
Под менторство на Јана Марковска од креативното студио „Do:More“, како дел од проектот „Одговорна иднина“, во организација на Македонското модно здружение, во училиштето се одржаа повеќе работилници за графички дизајн. Учениците со оштетен слух и говор можеа да се запознаат со основните елементи и принципи на графичкиот дизајн.
– Од хартија и молив, до практична работа на една од примарните програми за графички илустрации учениците ги создадоа своите први персонализирани стикери. Работилниците се реализираа со логистичка помош од педагогот и толкувач Викторија Волак. За изработка на стикерите е користена нова модернизирана дворачна знаковна азбука, изработена од Лазар Ѓиков, поранешен ученик во „Партенија Зографски“ – велат од здружението.
Стикерите ги изработија учениците: Мухамед Асипи, Ивана Трајковска, Енис Аспиров, Јове Илиевски, Лаура Бектешовска, Јана Кацарска, Мираџ Аспиров, Кепсер Хасан, Мумудија Демирова, Мухамед Алиев, Кристина Стојковска, Марио Стојковски, Јовица Милановски и Ајдован Османовски.
Стикерите може да се преземат бесплатно на следниов ЛИНК.





