Слика украдена од нацистите вратена на сопствениците

Слика од Никола Пусен која нацистите ја заплениле од сопствениците-Евреи за време на окупацијата на Франција, деновиве беше пронајдена во Италија, пренесува Artnews.com. Уметничкото дело „Лот со двете ќерки кои го служат со вино“ е вратена на сопствениците, соопштила италијанската национална полиција.
Потрагата по изгубеното дело почнала лани, кога наследниците на сликата, 98-годишна Швајцарка и 65-годишен Американец почнале да бараат во дата-базите на запленет имот во Франција за време на Втората светска војна. Откако ја пронашле сликата, тие пополниле барање да им се врати и го доставиле до Италијанската влада.

Никола Пусен (1594-1665) се смета за еден од предводниците на барокот во сликарството. Неговите дела се одликуваат со јасност, логичност и прецизна подреденост. Бил признат и почитуван сликар во негово време, инспирација за подоцнежните класични уметници како Жак-Луј Давид, Жан Огист Доминик Енгр и Пол Сезан.

Извор на фото: Youtube / Линк до оригиналниот текст: Nazi-Looted Poussin Painting Found in Italy, Returned to Owners

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

 

Сподели