Скопскиот аквадукт е прогласен за споменик со највисок степен на заштита. Одлуката вчера ја донесе Владата, по предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство и по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој со години бил закочен во надлежнитe институции, соопшти Министерството з акултура.
– Со ревалоризацијата опфатено е и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита. Овозможено е трајно зачувување на објектот и неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата. Конечно може да започне и неговата физичка заштита – велат од ресорното министерство.
Аквадуктот во Скопје е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Објектот се наоѓа во бизина на Визбегово. Се смета дека е изграден во 6. век, за време на владеењето на императорот Јустинијан Први. Служел за пренесување вода од Скопска Црна Гора до градот.
Фото: Министерство за култура





