Ретроспектива на големиот Тарковски во Скопје и во Свети Николе

Ретроспектива на култниот режисер Андреј Тарковски од денеска до 20 јуни ќе се одржи во Летното кино во Кинотека на Македонија и на Меѓународниот Славјански Универзитет „Державин“ во Свети Николе. Публиката ќе може да ги види ремек-делата: „Ивановото детство“, „Андреј Рубљов“, „Соларис“, „Огледало“, „Сталкер“, „Носталгија“, „Жртва“. Ретроспективата се одржува во рамките на Филозофскиот филмски фестивал. Ако врне, проекциите во Скопје ќе се поместат во зградата на Кинотеката.
Тарковски е руски режисер и писател. Се смета дека е еден од најдобрите филмски режисери на сите времиња.

Повеќе за термините на ретроспективата ТУКА.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели