„Приказни од Пајко Маало“ на Марина Мијаковска – за создавањето на трајните културни вредности

Новата книга на Марина Мијаковска е насловена „Приказни од Пајко Маало“. Оваа прозна книга на Мијаковска е метафора на создавањето на трајните културни вредности. Писателката е инспирирана од културно-историските обележја на градот Скопје. Приказните настануваат на улиците на Пајко Маало во различни временски периоди.
Преку ликот на сезнаечкиот наратор на стариот скопјанец Панајот, Мијаковска, симултано ги поврзува расказите во кохерентна целина што наликува на новела. Преку ваквата прозна постапка, авторката прави сопоставување на сликите од минатото и сегашноста, стариот и новиот град, старите скопски легенди и новите урбани приказни создадени во дланките на денешното Скопје.
Книгата „Приказни од Пајко Маало“ е објавена со поддршка на Град Скопје.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

 

 

Сподели