Префинето, нежно, маестрално… со Камерниот оркестар „Профундис“ и Стефан Миленковиќ

Нежен, топол избор на дела од Чајковски, Паганини, Сарасате, Сен-Санс сведочевме синоќа на долгоочекуваниот концерт на Камерниот оркестар „Профундис“ заедно со виртуозот на виолина, Стефан Миленковиќ.

Спектакуларен концерт најавија, таков и ни приредија. Публиката со стоечки овации и аплаузи буквално не го пушташе „чудото од дете“, да ја напушти сцената. А тој, во знак на благодарност, ни отсвири два биса, и двата избор од творештвото на Бах.

Големата сала на Филхармонијата беше исполнета до последно столче – почитувачи на дејноста на „Профундис“. Камерниот оркестар што е во постојан подем и кој на секој нареден концерт не престанува да нè изненадува. Диригентката Ѓурѓица Дашиќ дефинитивно го води оркестарот рамо до рамо со кој било европски состав.

Сподели