Награда „Ѓорѓи Македонски“ за Рисима Рисимкин

Кореографката и деканка на Катедрата за современ танц и балетска педагогоија при Филмската академија на Универзиетот „Гоце Делчев“ од Штип, Рисима Рисимкин ја доби наградата „Ѓорѓи Македонски“. Признанието и’ беше врачено на Рисимкин на Фестивалот за класичен балет и модерен танц, кој се одржа по петти пат. Уметнички директор е
Маја Каревски, а е во организација на Детскиот културен центар од Карпош, кој го води директорката Билјана Лалчевска Серафимовска.
Ѓорѓи Македонски е основоположникот на македонскиот балет, кој постхумно доби награда за неговата дејност, која во негово име ја презедоа членови на семејството.
Рисима Рисимкин, која годинава одбележува 45 години уметничко творештво и беше врачена оваа награда како авангарден претставник во современата танцова едукација и творештво. Воедно, универзитетот „Гоце Делчев“ доби благодарница за особен придонес во балетската уметност.
„Ми претставува огромна чест да добјам награда, која го носи името на Ѓорги Македонски, основоположник на балетската уметност кај нас, без чија работа никој од нас не би бил тука во моментов. Знаеме дека без минато, немаме ни иднина и сакам да ја споделам оваа награда со сите млади ученици и уметници кои вечерва ќе настапат на сцената, а кои се нашите идни балерини и современи танчари“ – изјави Рисимкин.

Сподели