На osnovnoobrazovanie.mon.gov.mk граѓаните може да се информираат за сите тековни и идни активности кои Министерството за образование и наука и другите надлежни институции во областа на образованието ги спроведуваат, односно планираат со цел модернизација на образовниот систем во државата, известуваат од ресорното министерство.
Веб-страницата содржи детаљно појаснување на содржината на планот за реформа на основното образование, а јавно се објавени сите документи поврзани со промените, како Концепцијата за основно образование, новите наставни програми и националните стандарди врз основа на кои се изработени, но и постојната и законската регулатива која е во фаза на подготовка или веќе се наоѓа во собраниска процедура на усвојување. Исто така, во посебно мени можат да се најдат и одговори на сите најчести дилеми и поставувани прашања во јавноста за одредени аспекти на промените.





