МОН: За промените во Законот за средно образование јавноста ќе биде навремено информирана

„Сите промени во образованието кои се особено интензивирани во последните неколку месеци, Министерството за образование и наука ги креира преку консултативен процес со засегнатите чинители и низ широка јавна дебата во која може да учествува секој кој има волја и е подготвен за придонес во креирањето на најдобрите решенија во интерес на младите. Така е и по однос на промените кои се предвидуваат во средното образование, а за што јавноста навремено ќе биде информирана“, е кусиот одговор на Министерството за образование во однос на најавата на универзитетските професори од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија дека поради недоследности во законската легислатива, размислуваат да го прекинат менторирањето на средношколците за Меѓународната олимпијада по хемија (IchO).

НА МЕНТОРИТЕ ИМ ПУКА ФИЛМОТ – ЌЕ СЕ ОТКАЖАТ ЛИ ОД ПОДГОТВУВАЊЕТО НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЗА ОЛИМПИЈДАТА ПО ХЕМИЈА?

Умно.мк до МОН испрати повеќе прашања во однос на планираните промени за Законот за средно образование, поддршката на талентирани ученици и нивните ментори.

Фото: архива на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.
Сподели