Уште пред да се случи нешто, луѓето проценуваат однапред, без разлика дали нештата навистина ќе се случат, покажува ново истражување на Универзитетот „Оксфорд“. Тие ги проценуваат можностите нештата да се случат околу нов (надворешна шанса), истовремено ги проценуваат и сопствените шанси за успех во некоја задача уште пред да се обидат да ја решат (внатрешна шанса).
Истражувачите од „Оксфорд“ ја објавија новата студија во списанието Neuron. Тие откриваат дека луѓето однапред чувствуваат колку добро ќе завршат некоја задача уште пред да се обидат. Ова предвремено чувство нè води низ задачите и проблемите кои треба да ги решиме и нè оддалечуваат од оние кои може да бидат претешки за надминување. Шаблонот на мозочната активност на антеролатералниот префронтален кортекс ги следи проценките колку ќе бидеме добри во тоа што го правиме.
Иако „надворешните шанси“ е веројатноста на нештата што се случуваат во нашата околина, новото истражување покажува дека ние и нашите мозоци истовремено ги следиме „внатрешните шанси“ – сопственото чуло кое проценува колкава е веројатноста да успееме во нешто. Тоа нè води да се обидеме да решиме некои проблеми или да одбегнеме други.

Истражувањето покажало дека луѓето имаат рафинирани вештини за проценка на надворешната и внатрешната шанса и да ги споредат. Истражувачите откриле дека специфична област во мозокот (alPFC; област 47) е пресудна за оваа споредба.
За момент менувајќи ја неговата активност со магнетен пулс ги пренасочиле луѓето кон потешка активност за која било очигледно дека нема да ја надминат. Истовремено, други луѓе биле преамбициозни во својата проценка, па донесувале и поризични решенија.
Кентаро Мијамото, истражувач во одделот за експериментална психологија на Оксфорд и ко-раководител на истражувањето вели:
– Антеролатералниот префронтален кортекс игра важна улога во оваа способност, која е високоразвиена кај луѓето, да размислуваат перспективно, да ја замислуваат иднината и да ги проценат нашите шанси за добри одлуки во сценаријата со кои ќе се соочиме – вели Мијамото.
Извор: Oxford University
Фото: Pixabay
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.





