Работилница којашто има за цел да ги донесе вашите суперхерои и антихерои кои живеат во светот на стрипот поблиску до вас ќе се одржи на 20 април на платформата „Зум“ во 18 часот. Кусата работилница е во организација на Europe House Скопје и стрип-книжарницата „Бункер“.
Работилницата која е бесплатна ќе биде интерактивна ќе дознаете повеќе детали и анегдоти за стрип јунаците и начинот на кој тие се создаваат.
За теоретскиот осврт кон стрипот, историскиот развој и правците во стрип-уметноста, поврзаноста на стрипот со филмската уметност, стрипот како инспирација за најпопуларните видеоигри ќе зборува Јован Битољану, коосоновач на стрип-книжарницата „Бункер“. Вториот дел на работилницата ќе го води Михајло Димитриевски „Тхе Мичо“, врвен илустратор не само кај нас, туку и во глобалната индустрија на друштвени игри и стрипови.
Пријавување е најдоцна до 20 април до 12 часот на info@bunker.com.mk.





