Концерт на хорот „Драган Шуплевски“ и Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“

Хорот „Драган Шуплевски“ и Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ вечерва во 20 часот ќе одржат концерт во фоајето на Националната опера и балет. Концертот ќе го диригира Магдалена Кочоска, студентка во четврта година на отсекот оркестарско диригирање, кај проф. Сашо Татарчевски. Концерот на хорот се случува по пауза од 16 месеци, споделува проф.Татарчевски.

На програмата ќе бидат дела од: Григ, Талис, Лабински, Сен-Санс, Шуплевски, Калиников, Сибелиус, Албинони, Јомели, Холст и Моцарт.

Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број на гости, пријавете го вашето присуство на [email protected].

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели