Концерт на ЗЏМ Биг Бенд Оркестар со композиции на џез великанот Илија Пејовски

Здружението на џез музичарите Биг Бенд Оркестар вечерва во 20.30 часот во Македонската филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона со концерт на авторски дела од џез великанот Илија Пејовски. Ќе бидат изведени премиерно дела на професорот, диригент, пијанист и композитор. Диригент ќе биде Џијан Емин.

Илија Пејовски

Илија Пејовски е една од најзначајните фигури во македонската џез музика. Во текот на својата плодна музичка кариера Пејовски бил дел од повеќе музички состави меѓу кои: Комбо, Скопско џез – трио, Диксиленд состав, Биг-Бенд при КУД „Мирче Ацев“, Дувачки квинтет при Работничкиот дом во Скопје, Комбо состав при Домот на градежните работници во Скопје (раководен од Драган Ѓаконовски Шпато), ансамблот „АБЦД,“ Биг-бенд на Македонската радиотелевизија и др.

Од генералната проба (фото: Татјана Ранташа)

Најголем дел од својот работен век го минал во Македонската радиотелевизија, подолг период како диригент, а во еден мандат и како главен и одговорен уредник на Музичката продукција на МРТ.
Од повеќето настапи како диригент се издвојуваат настапите на Првиот џез – фестивал во Скопје, како и на двата авторски концерти – во 1998 година со Биг-бендот на МРТ, и во 2005 година со Македонската филхармонија.

Сподели