Конкурс за најдобар необјавен роман „Пегаз“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишаа третиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година. За наградата можат да конкурираат автори со свои необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца, напишани на македонски јазик со кирилично писмо.
Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават во електронска форма (во „ворд“ или во ПДФ-формат), на е-пошта: [email protected]. Авторите треба да остават валидна е-адреса и телефонски број за контакт, на кои ќе бидат достапни и непречено ќе комуницираат со организаторите на конкурсот, кој ќе биде отворен до 31 мај.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели