И Стефоска се заинтересира за Билазора

Министерката за култура Ирена Стефоска вчера ја посети Билазора, престолнината со која владееле Пајонците во 5. и 4. век пред новата ера. Умно.мк пред десетина дена објави репортажа од локалитетот кој се наоѓа до селото Кнежје, на 5 километри од Свети Николе. Објектите се во очајна состојба, откако пред три години завршија последните археолошки истражувања.

СЕ РАСПАЃА БИЛАЗОРА, ПРЕСТОЛНИНАТА НА ПАЈОНЦИТЕ КАЈ СВЕТИ НИКОЛЕ

Минатата недела директорот на Народниот музеј во Свети Николе, Александар Данев бил во ресорното министерство и ја поканил министерката да дојде на локалитетот.

– Сакав да види лично да се увери во каква состојба се објектите – вели Данев.

Стефоска изјави дека поради огромното значење на локалитетот, Министерството за култура во годишната програма одобрило два проекта – изработка на Елаборат за ревалоризација на археолошкиот локалитет и спроведување на конзерваторско-реставраторски работи на музејски материјал-археолошки предмети од локалитетот Билазора.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели