Под слоганот „Прекривка од топли зборови“, во сите книжарници на „Три“ и онлајн на www.kniga.mk е отворен Зимскиот фестивал на книгата што ќе трае до крајот на месецот. Освен фестивалски цени на сите изданија на „Три“ и на „Паблишер“, има и понуди совршени за секој читател, како акција на пет или на три книги за 500 денари.
Покрај новите наслови како „Крвавата месечина“ од Ју Несбе, „Бидете полезни“ од Арнолд Шварценегер и водечките книги од областа на психологијата – „Одмотајте го клопчето на анксиозноста“ од Џадсон Бруер и „Престанете да размислувате прекумерно“ од Ник Третон, се очекуваат и други новитети. Авторката на „Планината си ти“ (апсолутен хит во последната година) ќе пристигне со нов наслов – „Сто и една лекција што ќе ни го сменат начинот на размислување“, Џули Смит за првпат ќе се појави на преводната сцена со „Зошто никој не ми го кажал ова порано“, а трилер-писателот Стив Кавана е објавен со нова приказна – „Фифти-фифти“.
Сите наслови и понудата можете да ги проверите во Каталогот на следниот линк.
Во текот на Фестивалот се планираат и средби со автори и промоции.





