Дуња Иванова и Љубиша Кондев на предизвикот „4 Острови“

Нашите велосипедисти Дуња Иванова и Љубиша Кондев, прваци во планински патеки ќе се обидат да го освојат предизвикот наречен „4 Острови“ во хрватскиот дел на Јадранско Море. Од 20 до 24 април трае една од најзначајните светски етапни трки во планински велосипедизам. Класифицирана како S1 категорија според Интернационалниот сојуз за велосипедисзам (UCI), Иванова и Кондев под водство на тренерот Дејан Новковски, за пет дена ќе поминат околу 270 километри со вкупна елевација од 5000 метри, минувајќи низ исклучителни технички патеки низ островите Крк, Раб, Црес и Лошињ.

– „4 Острови“ е уникатен натпревар за лиценцирани велосипедисти на кој досега учествувале претставници од преку 33 земји од светот меѓу кои и професионалната маунтинбајк елита – велат од велосипедскиот клуб „Енерџи“ од Скопје, каде членуваат Иванова и Кондев.

Кондев и Иванова

Кондев е актуелен и повеќегодишен државен првак во планински велосипедизам во Македонија, познат по бројните титули освоени на натпреварите организирани во Словенија, Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Турција, Италија. Тој е еден од првите Македонци евидентиран на ранг листата на UCI и тренер по велосипедизам со сертификат UCI Level 2.
Иванова е актуелен државен првак во планински велосипедизам, како и во категориите друмско-ридски, хронометар и велокрос.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели