Денес е Светски ден на џезот – проследете го концертот Dzijan Emin & Magical Orchestra | Live in Ohrid на јутјуб

Здружението на џез музичарите вечерва во 21.15 часот со својата публика на јутјуб-каналот на ЗЏМ ќе го сподели концертот Dzijan Emin & The Magical Orchestra | Live in Ohrid. Македонските џез музичари со овој настан се придружуваат кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден на џезот, 30 април.

Концертот на Емин и Magical Orchestra се одржа на Античкиот театар во 2019 година.

Концертот можете да го проследите на овој линк.

Фото: Маја Аргакијева

Сподели