Битолското ислахане од 19 век една година ќе биде под привремена заштита

Управата за заштита на културното наследство донесе акт со кој ислахането во Битола, објект од крајот на 19 век е ставен под привремена заштита, соопшти Министерството за култура. Според Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола, објектот е културно наследство што заслужува да биде заштитено поради своите историски, културни и научни вредности. Со актот за привремена заштита се утврдуваат границите, контактната зона и режимот на заштита на објектот. Привремената заштита трае една година. За тоа време битолскиот Завод и музеј треба да изготви елаборат за валоризација со кој ислахането ќе биде трајно заштитено како културно наследство.

Ислахането во Битола / Фото: Министерство за култура

– Ислахането е дел од старите турски училишта и академии во Битола каде што професори биле познатиот Тефик-беј и Данали-ефенди со нивните ученици Кемал Ататурк и Али Фести-беј. Училиштето започнало да работи околу 1900 година и било финансирано со државни средства. Во него се школувале деца кои биле сираци или од сиромашни семејства, така што истовремено функционирало и како сиропиталиште и како училиште – велат од Министерството за култура.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

 

 

Сподели