На 5 и 6 јуни во ПСУ „Јахја Кемал“ во организација на шаховскиот клуб „Гамбит Ассеко-сее“,„Јахја Кемал“ и фамилијата на проф.др. Звонимир Вукелиќ, ќе биде организиран шаховски турнир за најмладите. Своето учество (име, презиме, дата на раѓање) учениците треба да го пријават најдоцна до 4 јуни, на [email protected] Турнирот е наменет за девојчиња и момчиња родени во 2013 година и помлади. Како доказ за година на раѓање ќе послужи извод од книгата на родени, велат организаторите.
Пријавените учесници мора да го потврдат своето учество со присуство во салата за игра на 5 јуни најдоцна до 09:30 часот. Првото коло почнува во 10 часот. Во зависност од бројот на учесници, турнирот ќе се игра по Швајцарски или по Бергеров систем. Турнирот се игра според Правилата за игра на ФИДЕ, а темпото на игра е 30 минути по играч за цела партија, со додаток од 10 секунди за секој потег, почнувајќи од првиот.
Судии на турнирот се Тони Кироски и Јовица Николовски. Натпреварите ќе се одвиваат според Протоколот за шаховски натпревари во услови на пандемија.
Шахот во ПСУ „Јахја Кемал“ почна да се воведува во 2012 година, отпрво како клупска активност, а од 2015 како редовен предмет од 1 до 3 одделение и изборен предмет од 4 до 6 одделение. Веднаш се наметна потребата од организирање на шаховски натпревари ќе учествуваат децата не само од „Јахја Кемал“, туку и пошироко од цела Македонија.

Насловната фотографија е од турнир пред Ковид-19

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.