Во изложбениот салон „Империјал 1“ во Културно-информативниот центар во Скопје, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на цртежи од Росица Лазеска. Таа ќе се претстави со 30 дела работени во техниките туш, колаж, пастел и пенкало во последните три години. Изложбата ќе биде отворена до крајот на месецот.

Росица Лазеска е родена во 1956 година во Скопје. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во 1986 и на Факултетот за ликовни уметности, отсек графика во 1992 година. Од 1992 е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Реализирала 14 самостојни изложби во Македонија, Франција, Египет. Учествувала на групни изложби во земјава, Куба, САД, Полска, Холандија, Германија, Италија, Унгарија, Белгија, Франција, Бугарија. За своето творештво добила многу награди.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.