Средното „Васил Антевски-Дрен“ со пет училишта од Западен Балкан осветлени во сино во знак на мирот

Фасадите на шест училишта низ Западен Балкан беа осветлени во сино по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на заедничкото живеење во мир. Осветлувањето е дел од кампањата „Млади инспирирани од мирот“, која го слави успехот на проектот „Поддршка на колективното лидерство на Западен Балкан за помирување: градење на капацитети и темпо за RYCO – Регионална младинска канцеларија за соработка“.
Училиштата што беа осветлени се: гимназијата „Стојан Церовиќ“ во Никшиќ; интернатот за деца со пречки во слухот и говорот „11 Маји“ во Јагодина; центарот за средно училиште „Неџад Ибричимовиќ“ во Илијаш; средното „Иса Болетини“ во Вора, Албанија; „Пренк Јакова“ во Ѓаковица и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје.

Учениците и наставниците од овие училишта се дел од семејството на RYCO – тие ја реализираа размената меѓу младите, придонесоа за развој на методологијата за настава и дијалог меѓукултурно и претставуваат идеја дека формалното образование има улога да играат во обединување на младите и поддршка на нив во градењето и одржувањето на мирот во регионот.
Овој проект е поддржан од Фондот за градење мир на Обединетите Нации, во партнерство со УНДП, УНФПА и УНИЦЕФ во Албанија, и се промовира преку кампањата „Млади инспирирани од мирот“ што ќе се одржи низ целиот регион во текот на мај 2021 година.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели