Филмски проекции, разговори со автори, концерти, музичка селекција, изложба, детска работилница ќе бидат дел од програмата на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“. Програмата ќе се реализира на отворено во партк „Форум“ во Скопје.

Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 19.30 часот во парк „Форум“ со прекција на филмот „Хомо“ на Игор Иванов-Изи. Филмот е снимен според сценарио на Иванов и на Сашо Кокаланов.  Улогите ги толкуваат Сашко Коцев, Наташа Петровиќ, Сергеј Димовски, Александар Матовски-Цако, Сергеј Димовски, Јордан Симонов, Мајлина Косумовиќ, Оливер Митковски.

По проекцијата ќе следува разговор со режисерот.

Во 21 часот ќе следува музички сет со Џано Куч во „Котур“.

Во наредните денови ќе следуваат изложба на фотографии на Ерина Богоева, музичка селекција на Еми Ермилова, проекција на анимирани филмови за деца, детска креативна работилница, концерт на Дина Јашари, проекција на филмот „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ, „Северен Пол“ на Марија Апчевска и др.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.