Наместо на пролет, кога традиционално се одржува Саемот на книгата во Скопје, манифестацијата годинава е закажана за септември. Најголемиот саем на пишаниот збор ќе се одржи од 8 до 14 септември, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Саемот и годинава ќе биде организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, а поддржан од Министерството за култура.

– Издавачите ги подготвуваат најновите изданија за презентација, а посетителите повторно ќе можат да изберат од големата и разновидна понуда од голем број домашни и странски автори.
За време на одржување на саемот протоколите за безбедност ќе бидат најстрого почитувани, за кои посетителите и изложувачите ќе бидат навремено информирани. Се очекува посетата на саемот да биде на очекуваното ниво од повеќе од 20.000 посетители – велат организаторите.

 

Насловна фотографија: Саем на книга 2020

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.