Натпреварот требаше да се случи во март 2022, но се одложи за 14-15 мај.

Почеток на натпреварот за снимање филмови е сабота, 14 мај 2022 година. Организаторите ќе соопштат уште неколку детали во моментот на почетокот во сите различни временски зони. Од овие задолжителни елементи еден мора да биде вграден во филмот. Забрането е претходно снимање на филмот. Во случај да има дијалог во филмот, тој мора да биде титлуван на англиски јазик. Филмовите треба да се прикачат на „Јутјуб“.

Сите информации дадени во моментот на регистрација, плус линкот на Youtube ќе треба да се испратат по е-пошта на официјалната адреса [email protected] Најдобрите ќе добијат парична награда во износ од 5000 американски долари, како и дополнителни непарични награди.

Екипата може да има само еден или повеќе членови. Учесниците треба да создадат краток филм со времетраење од максимум една минута за да ја подигнат свеста за тоа што можеме да направиме за да ја спасиме нашата животна средина. Нема претпочитан жанр, па учесниците може да снимат краток филм во живо, видео клип или анимација за време на 24-часовниот маратон.

Конкурсот на интернет е отворен за сите заинтересирани, без партиципација, без старосни и технички ограничувања. Филмовите може да се направат со дигитална камера, мобилен телефон или која било направа за снимање. За време на постпродукцијата може да се користат сите соодветни програми.
Краен рок за прикачување на филмовите е недела, 15 мај 2022 година и филмовите ќе ги оценува професионално жири. Весна Ристовска од „Мобил фестивал“ од Македонија ќе биде дел од меѓународното жири.

Организатори на овој натпревар се Универзитет во Печ, Факултет за културни науки, образование и регионален развој (Сексзард, Унгарија), HATV (САД, Њујорк) и Pixeltv.hu (Унгарија).

Организирањето на Shoot4Earth, еден од најтешките филмски натпревари, беше лично потпомогнато од Јиржи Менцел, чешки режисер добитник на Оскар, и многу познати унгарски филмаџии, вклучувајќи го и Кристоф Деак, режисерот на филмот “Sing“, добитник на Оскар. Нашата иницијатива беше пофалена и од Стивен Спилберг, режисер добитник на Оскар.

Организаторите на натпреварот би сакале да придонесат за примарниот интерес на човештвото: да се задржи Сината Планета како заедничко живеалиште на човештвото, долго време во иднина.

 

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.