Книгата „Незадоволна“ на авторката Ксенија Николова, во издание на издавачката куќа „Култура“ ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во паркот пред Културно-информативниот центар во Скопје. Книгата ќе ја промовира Живко Грозданоски, а извадоци ќе чита Зорица Панчиќ. За музичка изведба ќе се погрижи пијанистката Билјана Петровска.
Николова е автор на „Сите мажи ја сакаат Лиа“ и „Емотивен манипулатор“.