Почина големиот автор Исмаил Кадаре

На 88-годишна возраст денес почина големиот албански писател Исмаил Кадаре Книгите на Исмаил Кадаре се преведени на повеќе од 45 јазици, а за неговите дела има освоено меѓународни награди. Исмаил Кадаре е роден 1936 година во Ѓирокастро, мало гратче во планините во јужна Албанија. Напишал многу познати дела, како „Генералот на мртвата војска“, „Големата зима“, „Куклата“.

Во 2020 година, Кадаре ја доби наградата „Прозарт“ за особен придонес во книжевноста на Балканот, што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан од Скопје.

„Кадаре е писател што ги одбележа втората половина на минатиот век и почетокот на новиот век со провокативноста и компактноста на неговите книжевни остварувањa“ – напиша одборот за доделување на наградата „Прозарт“.

Она што треба да се истакне е неговиот град, каде што го напиша романот „Хроника во камен“, тој е дел од светското наследство под заштита на УНЕСКО.

Многу од неговите дела биле забранети во тогашна комунистичка Албанија.

 

Сподели