Отворање на новиот фестивал за литература „Видик“ со промоција на „Коњски житија“ од Зоран Анчевски

Со промоција на наградуваното дело „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, во издание на „Арс Ламина“, вечерва во 19 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје ќе биде отворено првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Промотор ќе биде Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Оливера Ќорвезироска. Ќе следува концерт на скопскиот состав „Акварела“, што ќе ги изведе најубавите боса нова стандарди.

Фестивалот во организација на „Литература.мк“, ќе трае цел месец и ќе ги обедини литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата.

Со дваесетина настани, кои ќе се одржуваат во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“, на публиката ќе ѝ се понуди квалитетна содржина и непосреден контакт со најактуелните домашни и регионални автори и проекти од областа на културата. На програмата се промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарски изведби, изложби на слики и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.

Во продолжение повелете целата ПРОГРАМА.

Сподели