Музејот на Народната банка неделава организираше е-презентации за учениците од 3. до 9. одделение од училиштата во скопската Општина Центар. Во текот на интерактивните презентации, кустосите и конзерваторите од Музејот на Банката им ја пренесоа на учениците долгата историско-еволутивна патека на парите како едно од најважните технолошки откритија на човекот и посебно, за нивните карактеристични особености, својствени за овдешната македонска територија.

– Едновремено, дополнителната виртуелна прошетка им откри и дел од нумизматичкото богатство изложено во постојаната музејска поставка, но беа опфатени и начините со кои специјализираната конзерваторска лабораторија се грижи за неговата физичко-хемиска заштита и зачувување – велат од Музејот.
Со едукативните предавања беше одбележан 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.