Собранието денеска го изгласа Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, известуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Земјава го доби четвртиот национаелн парк
-Со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во С. Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет. Располага со исклучителни природни убавини, геодиверзитет, хидролошки карактеристики, пејзажни, пределни и културни вредности – вели министерот Насер Нуредини.
Шар Планина (фото: Розе Сурловска)
Прв национален парк е Пелистер во 1948 година. Една година подоцна за национално добро е прогласен Маврово, а последен во 1958 година е прогласен Галичица.
Нуредини истакна дека ова се нови можности за заштитата на природното наследство, но и за одржлив социо-економски развој на подрачјето и на државата.
Насловна фотографија: Розе Сурловска