Македонскиот народен театар со копродукцискиот проект „Нема да биде крај на светот” вечерва ќе учествува на 9. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса, Турција. Под раководството на државните театри секоја пролет во Бурса се одржува Балкански театарски фестивал на кој настапуваат театарските куќи од балканските земји кои воедно даваат и голем придонес во театарската уметност.

Фестивалот создава можност да се сретнат познати театарски куќи од светот, но сепак подоминантни се театарските продукции од балканските земји. Оваа година фестивалската програма ќе се одржи од 10 до 24 март.

Во претставата, по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ, играат: Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ.

ДАРЈА РИЗОВА: КАКО ШТО СО МНОГУ РАБОТА СИ ГО НАОЃА ПАТОТ, ТАКА И ДОБРАТА ПРЕТСТАВА ДОПИРА ДО СВОЈАТА ПУБЛИКА

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.