Денеска е Лазарова сабота, празник што во православното христијанство се прославува во сабота, една недела пред Велигден. Религиски, поврзана е со празникот Цветници кој според Библијата го означува влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога почнуваат неговите најтешки денови кои завршуваат со распнување, погребување и воскреснување.

Со Лазарова сабота поврзани се многу обичаи што се практицират во разни делови од Македонија. Во соработка со Музејот на Република Северена Македонија, пренесуваме содржини за да ја претставиме богатата материјална и духовна култура на македонскиот народ и музеолошката дејност воопшто.

Кустосите од музејот велат дека во етничкиот предел Радовишко Поле се карактеристични женските обредни поворки за празникот Лазарова сабота. Ги изведуваат девојки пеејќи наменски песни за секој член од семеството. На видеото е прикажана наменска песна за бебе. Особено е забележлив моментот на „кошкање“ на бебето од страна на лазарките.
Во лимитрофните села на етничкиот предел Скопска Блатија во зимскиот циклус се забележуваат женски водичарски обредни поворки. Во селото Булачани се појавува пример на архаичен пример на играње за време на изведување на песната „Седи божа на рогожа“ – наменска песна за бебе кое е поставено во центарот, а водичарките играат околу него.

Песната е снимена по повод #europeanheritagedays во соработка со „Ансамбл Македонија“.

ЛИНК до оригиналната содржина.

Насловна фотографија: Лазарки од с. Миравци

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.