Лука Грашкоски, матурант во Меѓународните училишта НОВА, е победник на Македонската математичка олимпијада, што се одржа на 19 мај на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Тој е воедно новиот рекордер во историјата на организацијата на овој натпревар, со тоа што три пати бил победник и тоа во три последователни години. Во 2020 година, го делел првото место со Алек Јармов, тогаш матурант на „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Златен медал на ММО годинава освои и математичкиoт генијалец, осмоодделенецот Дамјан Давков од основото училиште „Ванчо Прќе“ од Штип, кој се бореше рамо до рамо со математичкиот средношколски крем. За Давков ова не е прв случај да успее да ги „надмудри“ математичарите постари и по пет години од него.
Третиот златен медал го освои Блаже Суклевски, трета година во приватната гимназија „Јахја Кемал“ од Скопје.
Беа доделени седум сребрени и 16 бронзени медали. Од ССМ известуваат дека во наредниот период следуваат тестирања за влез во репрезентацијата за Балканската математичка олимпијада и Интернационалната математичка олимпијада. Можат да учествуваат првите 15 на листата подолу.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.