Неколку реномирани издавачки куќи учествуваат на летниот карван на книгата на МАИ кој од денеска до сабота е отворен во Гевгелија. Најновите и најпопуларните книги ќе бидат изложени на штандовите пред театарот од 9 до 20 часот. Карванот се организира во соработка со библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија.
Ќе бидат понудени наслови од издавачите „Три“, „Арс ламина“, „Антолог“, „Сакам книги“, „Култура“, „Бата прес“, „Паблишер“ и „Феникс“.