Дела од пет уметнички во „Мала станица“

Во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ при Националната галерија на Македонија од 14 мај до крајот на месецот ќе биде отворена изложбата Women about women. Поставката е вовед во двегодишно истражување на практиките и териториите на уметниците на Западен Балкан. Ги обединува 25 визуелни уметнички од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и од нашата земја.

Македонската уметност ја претставуваат Марија Милошевска, Ана Лазаревска, Тања Балаќ, Христина Зафировска и Шќипе Мехмети. Од 10 јануари до сега изложбата беше поставена во Белград, Подгорица, Самобор и Ајдовчина.
Изложбата е дел од проектот The Rise of women in culture in Western Balkan, поддржан од Европската Унија и се спроведува од Fenomena (Србија), Spes (Црна Гора), BeoArt Contemporary (Србија), Udruga Prizma (Хрватска), Сенсус (С. Македонија) и Локаријева галерија (Словенија).

Шќипе Мехмети

Тања Балаќ

Христина Зафировска

Ана Лазаревска

Марија Милошевска

 

Фотографии: Национална галерија на Македонија

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели