Дела од млади графичари во МКЦ

Изложба на графики од Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски е отворена во галеријата при Младинскиот културен центар во Скопје. Едноставно насловена како „Изложба“ тие се претставуваат со дела кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност.

Низ различни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилски концепти тие претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле. Историчарката на уметност, Конча Пиркоска, куратор на изложбата вели:

– Преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз различните материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија…) авторите помалку или повеќе, ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат во други ликовни медиуми во коишто непосредно можат да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.

Изложбата ќе биде отворена до 24 април.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели