Претставата „Палешка“ што ја адаптираше и режираше Драгана Милошевски – Поповa го освои Гран-прито на Фестивалот за деца и млади „Малиот Јоаким“ што викендов заврши во Грачаница, Косово. Освен за најдобра претстава, „Палешка“ ги освои и наградите за режија, за сценографија (Зорана Петров), за костимографија (Стефан Савковиќ), за најдобра женска улога за актерката Александра Павловиќ за насловната улога, како и специјална награда за повеќе епизодни улоги за актерката Јелена Ѓорѓевиќ.

Фото: Куклен театар Ниш

Во образложението на жирито стои: „Претставата „Палешка“ има јасен и доследно спроведен концепт, модерен израз и естетска усогласеност, која лесно и прецизно комуницира со публиката“.
„Палешка“ е во продукија на Куклениот театар од Ниш, а премиерата ја имаше во декември 2019 година.

Драгана Милошевски-Попова (фото: Драган Гајиќ)

Фестивалот за деца и млади се одржува по 13.пат, а на него учествуваа шест професионални театри од Србија.

насловна фотографија: Дом на култура Грачаница

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.