Годините ништо не ù можат на Грејс Џонс! (Галерија)

Светската поп икона Грејс Џонс дојде во Скопје! Визуелно моќна, инвентивна, забавна, американскo-јамајканската пејачка вредеше за неа да се чека и три часа за да започне концертот на стадионот на АРМ (по нејзино барање, поради високите температури). Настапот беше во рамките на фестивалот „Скопје колинг“, а во организација на „Авалон продукција“.

Ниту нејзините 76 години не беа пречка цела песна Slave to the Rhythm да ја изведе целосно вртејќи хулахоп. Како награда за публиката во свој манир ја изведе La Vie En Rose, заедно со целата публика.

Ви споделуваме фотогалерија на Вангел Тануровски.

Сподели