Триото „21 век“ го објави својот нов видеоспот за песната „Чекам ко куче“. Видеозаписот за третиот официјален сингл од нивниот албум „Си нацртав живот“ (2021), претставува ретроспектива на настапите кои Васко Атанасовски, Раде Јорданоски и Дени Крстев ги имале низ годините.

Како и за секој видеоспот на „21 век“ досега, задолжен за режија, монтажа и снимање е Милан Блажевски, а останатите две камери беа во рацете на браќата Јосип и Иван Здравковски.

Видео спотот може да го погледнете на Youtube-каналот на Таксират Фестивал, а синглот е достапен за слушање и на музичките платформи  Spotify,Deezer, Apple Music, Amazon music, Tidal и Bandcamp.

„21 век“ се добро позната група со три истакнати членови од скопската андерграунд сцена: Васко Атанасовски („Bernays Propaganda“, „ХаХаХа“, „FxPxOx“), Раде Јордановски („FxPxOx“) и Дени Крстев („Фонија“, „Bernays Propaganda“). Тие низ својата музика истражуваат експресивна палета, под влијание од пост-панк до
македонската традиционална музика.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.