Нашиот најдобар пијанист Симон Трпчески завчера прослави роденден по изведбата на коцертот „Македонисимо“ на Фестивалот во Марибор, Словенија.
– Каква роденденска прослава со моите „Македонисимо“ пријатели. И такво топло добре дојде од фестивалот и од публиката во Марибор. Чисто задоволство и инспирација за следните два концерта – напиша Трпчески.
Фото: С. Рајх
Тој и вечерва ќе настапи придружуван од Хидан Мамудов (кларинет, саксофон, кавал), Александар Краповски (виолина), Сорин Спасинович (виола), Александер Сомов (виолончело) и Вчадко Нушев (удирачки инструменти). На програмата се дела од Дмитриј Шостакович, Томе Манчев, Макс Брух, Франсис Пуленк, Панде Шахов и Гијом Конесон.
Фото: Дејан Булут
Насловна фотографија: Дејан Булут